Во Велес одбележан денот на Европа
Црвениот памук, производ од шекер, што го подготвува машината на велешкиот слаткар Пампурот и денеска ги пречека гостите во Младински парк на традиционалното одбележување на 9 мај. Нему му се насладуваа многу деца. Возрасните граѓани ги гледаа и се потсетија на детството. Пампурот беше тука исто како и пред четириесет години а она што сега е различно секако е манифестацијата за која повод е 9 мај. Порано со паради се одбележуваше денот на победата над фашизмот а денеска со културни ма нифестации денот на Европа, коментираа граѓаните.
На специјално поставени штандови, денеска, основните училишта преставија повеке земји членки на Европската Унија. Учениците пееја, свиреа и танцуваа на бината во амфитеатарот. Во Велес домаќин на амбасадорот на Словенија во Македонија, Бранко Раковец беше градоначалникот Славчо Чадиев. Тие заедно ги прошетаа штандовите, разговараа со учениците и присуствуваа на културно уметничката програма подготвена од учениците на ООУ „ЈХК Џинот“ во чест на роденденот на планетата земја. Оваа програма требаше да се оджи на 22-ри Април, но поради лошите временски услови беше одложена за денес.
Чадиев во изјавата за медиумите истакна дека без оглед што формално сеуште не сме членка на Унијата, вратата кон Европа за нас е широко отворена – со визната либерализација, со можноста за користење на европските фондови, со долгогодишното присуство и помош на Комисијата за европски прашања во Македонија и подадената рака за помош и пријателство. Затоа 9 Мај го чувствуваме и за свој ден, за свој празник,рече Чадиев.
