Почнаа уписите на факултетите во Велес

Објавено на 12 мај, 2014 во 13:26

Отворен е конкурост за упис во прва година во високото образование. Факултетите и дисперзираните студии во Велес ги отворија вратите за новите студенти, со вкупно 240 слободни места. Најмногу бруцоши можат да се запишат на технолошко-техничкиот факултет при универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола со седиште во Велес.

Во претстојната академска година понуди 160 слободни места и тоа 90 на катедрата за информатичка и компјутерска техника и 70 на нутриционизам. Студентите кои ќе влезат во државната квота, како вонредни или со кофинансирање треба да платат помеѓу 100 и 400 евра.

Во овој уписен рок пак Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ отвори слободни места само на дисперзираните студии по сметководство и ревизија. Осумдесет бруцоши имаат можност да се запишат таму а за студирање треба да платат од 100 до 400 евра за година. Катедрата за винарство и лозарство ја ставаат во мирување, откако две години не успеаја да запишат студенти./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.