Утре стартува петтата по ред Вардарска регата „Гемиџии“ во Велес

Објавено на 25 јуни, 2014 во 11:57

Стотина учесници, десетина чамци и новата Гемија утре рано наутро ќе запловат по Вардар. Стартува петата по ред Вардарска регата Гемиџии.

Четири дена ќе трае патувањето чија крајна дестинација е Гевгелија. Учесниците ќе ноќеваат на истите камп места како и во изминатите години. Во текот на патувањето ќе им се придружат и учесниците на Вардарската винска регата од Кавадарци и Неготино. Очекуваат солидни временски прилики и добар тек на регатата.

 

„Водата е добра, малку е матна ама тука ни се кајакарите кои ќе ни ги покажуваат таканаречените порти каде треба да влегуваме. Временските прилики исто така се добри, така да очекуваме да биде успешна. Но без разлика на се, ние како и секоја година сме присебни и одговорни за себе и за пловните објекти, па нема да има никаков проблем“, рече Игор Здравковски, организатор на Вардарската регата Гемиџии.

Максимално е запазена безбедноста на пловните објекти велат организаторите. На секој чамец ќе има по еден спасител и двајца кајакари, а претходно учесниците поминале и обука за однесување на регатата. Но в година сите пловни објекти ќе мораат да поминат техничка регистрација.

„Годинава министерстѕвото за транспорт и врски ќе ни прогледа н из прсти но в година ќе мора сите пловни објекти да се регистрираат. Се ќе мора да се провери, од носивост, издржливост, од што и како е направен и други технички работи, рече Себо Шаќиров, организатор на регатата.

Манифестацијата започнува уште вечерва со дефиле и промоција на Гемијата низ градските улици. Во чест на годинешново издание на регатата вечерва ќе се одржи и театарска претстава во Младинскиот парк./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.