Авионското прскање против комарци не е целосно ефикасно
Објавено: 1 јули, 2014, во 11:25 часот
Oва го тврдат од Центарот за јавно здравје во Велес. Тоа дури и не се практикувало во светот. Од центарот велат дека ниту препаратот со кој се врши прскањето не е многу ефикасен. Тој бил поефтин од другите препарати со кои се постигнувало целосно уништување на инсектите, па дури и ларвите од комарците и не бил штетен за животната средина.
„Мана на авионското третирање е што не можат да се опфатат целите каде што се најзастапени комарците, бидејќи нив ги има во грмушките, шумичките, покрај вода, онаму каде што живеат. Сепак подобро е и тоа отколку да не се стори ништо, рече раководител на Центар за јавно здравје Велес Флорентина Ристовска Шурбевска.

Благодарение на авионското прскање минатата година во Македонија немало ниту еден смртен случај од западно-нилска треска, за разлика од соседна Србија каде беа регистрирани дури 12 починати луѓе заболени од оваа заразна болест што ја предизвикуваат комарците.
„Благодарение на обемното третирање речиси на целата површина на Македонија ние немавме ниту еден смртен случај на западно-нилска треска. Во Дојран каде што најмногу се застапени прскавме дури шест пати и граѓаните, ако се сеќавате, беа многу задоволни, рече Ристовска Шурбевска.
Од почетокот на годинава на територијата на општина Велес имаше две авионски прскања против комарци./Д.С

