За два месеци, две реконструкции и пак проблеми со патот од Велес до Иванковци

Објавено на 12 јули, 2014 во 12:53

Жителите на селото Иванковци поправката на патот  ја чекаа повеќе од две децении. Ја дочекаа пред два месеци новеднаш потоа и двете реконструкции на новиот пат затоа што патот бил неквалитетно изработен. Тие сведочат дека само што бил асвалтиран се појавиле дупки и пукнатини на коловозот, па во два наврати се интервенирало.

„Јас сум 30 години градежен работник и знам како се работи, кога се прави пат се прави за 30 години, а не за 3 месеци. Воопшто не сме задоволни од изградбата. Само што почнавме да возиме по него се искрши се појавија пукнатини и дупки. Го поправаа ама сега е како да возиш на пат со легнати полицајци“, рече жител на Иванковци.

За проблемот со патот на жителите од Иванковци знае и градоначалникот на Велес ,Славчо Чадиев. Тој е дециден дека фирмата изведувач со договорот имала обврска да го поправи.

„Не е добро изведена работата и фирмата изведувач ќе мора од ново да работи таму и да ги пополни дупките и закрпи пукнатините“, рече градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев.

Иванковчани пак не сакаат поправка туку уште еден слој асвалт, оти велат се работи за земјоделски крај каде се движат тешки товарни возила.

„Овде се возат камиони и трактори кои се натоварени и од нив се искрши асвалтот. Ќе мора да се стави уште еден слој оти инаку не ни е потребен таков пат, поарен ни беше стариот“, рече жител на Иванковци.

Патот долг 10 километри се реконструираше пред последните парламентарни избори. Државата за реконструкцијата даде  750 илјади евра.  Селаните раскажуваат како предизборно им било ветувана и изградба на канализација, инфрстаруктура и улично осветлување што досега не ги добиле./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.