Матичните издејствуваа од Фондот за здравство да препишуваат повеќе рецепти и породилно без казна

Објавено на 27 август, 2014 во 13:42

Фондот за здравство им даде за седумдесет денари поголем буџет за лекови и породилно боледување на матичните лекари. Здружението на приватни лекари на Македонија издејствува две барања. Фондот им го зголеми буџетот за лекови од 330 на 400 денари, па тие ќе можат да пропишуваат повеќе лекови на рецепт. Новините ќе важат од први октомври.

„Симнавме голем број на лекови од секундарното и терцијарно ниво ,да може да ги препишуваат и матичните лекари. Затоа донесовме и согласност бодот да биде 400 денари што е соодветна сума за оваа работа“ рече претседателката на здружението д-р Лилија Чолакова-Дервишова.

Со зголемувањето на лимитот матичните доктори ќе можат да препишуваат лекови без страв дека ќе им се намали капитацијата, како што беше досега. Фондот одобри, одредени лекови кои до сега мораше да ги пропишува специјалист, од октомври тоа да го прави матичниот лекар. На тој начин велат од здружението, пациентите нема повеќе да се малтретираат.

Од септември, фондот за здравствено осигурување им овозможува на матичните лекари да користат породилно боледување. Досега мораа да вработат замена доколку отсуствуваат повеќе од 35 дена, во спротивно ги губеа пациентите.

„До сега имавме три четири вакви случаи ,но секој сака да ги го изгледа детето и да биде на боледување девет месеци ,па затоа и се донесе оваа одлука“ рече д-р Чолакова Дервишова.

Со зголемувањето на лимитот за препишување лекови ќе се намали и бројот на казнети доктори. Во изминатиот период повеќе од 300 матични лекари добиле намалување на капитациајта поради тоа што издале поголем број на рецепти./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.