Се одржа главниот претрес и за палењето на селската продавница во село Ореше

Објавено на 28 ноември, 2014 во 14:31

Златко Арсовски, екс заштитениот сведок Бреза,  и денеска, беше присутен на главниот претрес во судницата на велешки суд во својство на сведок во предметот за палењето на селската продавница во Ореше. Обвинети за ова кривично дело се Блаже Ѓурчиновски и Ѓоре Петровски од велешко Ореше. По две години од почетокот на судењето, кое го пратеја бројни одлагања поради недоаѓање на обвинетите или сведоците, исказот на Арсовски го наговести крајот.

Сведокот Арсовски како виновник го посочил Блаже Ѓурчиновски велејќи дека ја запалил продавницата од што настрадала и дел од селската амбуланта. Но не знаел зошто и кој му рекол на Ѓурчиновски да го стори тоа.

По ваквиот исказ бранителот на обвинетиот Ѓурчиновски побарал од судот да побара психијатриско вештачење на сведокот Арсовски за да се утврди дали тој зборува „при чиста совест и здрав разум“. Но судечката судијка го одбила барањето.

Конечната пресуда ќе биде донесена на петти декември, годинава, бидејќи Јавното обвинителство побарало да се одложи заради подготвување на завршните зборови.

Како сведови во случајот се јавиле тројца жители од Ореше и еден од Скопје. Оштетени од потпалувањето на продавницата во селото Ореше е семејството кое работело во продавницата , додека сопственици на објектот  Јавното претпријатие за стопанисување со стамбен и деловен простор и Здравниот дом во Велес, чија амбуланта се наоѓа до продавницата./ Д.С

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.