Оџаците и возилата дополнително го загадуваат воздухот во Велес

Објавено на 15 декември, 2014 во 13:31

За разлика од изминатите два дена кога Велес беше еден од најзагадените градови во земјава, со висока концентрација на ПМ10 честичките, денеска на мерното место кај детската градинка во Тунел резултатите покажуваат средно ниво на писуството на штетните честички. Резултатите од мерењата на мерните станици варираат од час во час. И ако утринава немаше во 13 часот пак беа регистрирани високи концентрации на ПМ 10 честички.

Резултатите од мерните станици објавени на сајтот на министерството за животна средина покажуваат дека нема загрижувачко присуство на останатите загадувачи во воздухот. Најголеми предизвикувачи на штетните честички се оџаците и издувните гасови на автомобилите.

Деновиве најголемата причина за загадувањето е маглата која се спушти ниско во котлината и не само што го загадува квалитетот на воздухот туку и ја намалува видливоста. Надлежните апелираат за внимателно движење во сообраќајот со задолжително вклучени светла, додека лекарите пак им препорачуваат на хронично болните, особено оние кои страдаат од астма, воопшто да не излегуваат, затоа што маглата значително може да им го отежни дишењето.

Инаку освен во Велес, деновиве најзагаден со ПМ 10 честички е Тетово. Според податоците објавени на веб страната на министерството за животна средина, загадувањето е загрижувачко и во Скопје, Кичево и Кочани./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.