Надојдениот Вардар го полави Градскиот парк во Велес

Објавено на 7 февруари, 2015 во 17:05

Под вода е и помошното фудбалско игралиште, стазите и помошните простории. Излеаната вода од Вардар стигна до средината на паркот. Од Центарот за управување со кризи информираат дека Вардар се излеал и во населбата Шорка, каде поплавил дел од нивите но и неколку куќи, а екипа на кризниот штаб интервенирала и во евакуација на неколкумина граѓани.

Под вода денеска се најдоа и нивите покрај Вардар во населбата Речани, насадени со раноградинарски култури. Поради високиот водостој на реката попладнево забранет за сообраќај беше и мостот кај Башино село. Таму полиција ги пренасочуваше возилата заради безбедност. Од центарот велат дека забраната ќе важи се додека не се спушти нивото на водата во Вардар./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.