Лекарските одринации полни со граѓани заболени од грип

Објавено на 17 февруари, 2015 во 12:02

Расте бројот на граѓани заболени од сезонски грип. Велешките ординации се преполни и во нив секојдневно се прегледуваат пациенти кои имаат покачена температура, треска,кашлица, болки во коските, дијареја, повраќање и отежнато дишење. Лекарите велат дека вирусот најмногу ги напаѓа дишните патишта, па болеста мора да се третира со антибиотици.

„Во екот на сезоната на грип порачувам граѓаните да избегнуваат дружења и масовни собирања за да не дојдат во ситуација да се заразат од некој кој веќе ги има овие симптоми. Особено апелирам до хронично болните, малите деца и трудниците веднаш да се јават кај матичниот лекар ако ги имаат симптомите на грип и да не се лекуваат на своја рака, рече д-р. Надица Цилакова.

Од почетокот на сезоната до сега во Центарот за јавно здравје регистрирани се 70 пациенти со грип. Од таму велат дека бројката не е конечна бидејќи дел од матичните лекари се уште не ги пријавие своите пациенти со вирусно заболување.

Според надлежните состојбата со грипот не е алармантна, но бројот на заразени е во пораст, што е типично за овој период од годината.

Статистичките податоци покажуваат дека од почетокот на сезоната до сега, во Македонија регистрирани се вкупно 8.486 лица заболени од грип. Најголем број на заболени од сезонски грип се пријавени во Тетово, потоа во Куманово, Скопје и Прилеп./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.