Кандидати за полицајци полагаа практичен дел на улица во Велес

Објавено: 22 јули, 2015, во 13:03 часот

Велешанецот Мартин Лазаров е еден од каднидатите кои полагаат за полицајци во СВР Велес. Заедно со оценувачот тој денеска на терен го полагаше практичниот дел од испитот за прекршоци. Ги стопираше граѓаните кај кои воочил прекршок, ги идентификуваше и усно ги предупредуваше.

„Денеска го полагаме практичниот дел од тестот што го вежбавме три четири недели. Обуката ни трае еден месец и имаме три такви обуки. Претходно три месеци изучувавме јавен ред и мир во Идризово. Додека бевме тука во Велес, граѓаните многу соработуиваа со нас и многу научивме од нашите ментори, рече Лазаров.

По полагањето на тестот за прекршоци, на овие кандидати им следи обука за кривично дело. По два месеца теорија ќе го полагаат и овој испит. И теоретскиот дел и испитите ги поминуваат под будното око на своите ментори.

„Веѓе втор ден ги оценуваме кандидатите. Првиот ден ни помина добро, сите кандидати се покажаа добро подготвени од теоретскиот дел и се надевам дека и овој ден ќе помине во најдобар ред“, рече оценувач Агрон Кранлиевски, полициска станица Ресен, СВР Битола.

Вкупно осумнаесет кандидати од Велес, Неготино и Кавадарци ги полагаат испитите за идни полицајци на Министерството за внатрешни работи./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.