Др Димитар Стровјаноски директор на велешка Болница а Лена Гаданец на ПОУ „Маца Овчарова“
Објавено: 4 август, 2017, во 14:27 часот
Др Димитар Стровјаноски денеска е именуван за нов директор на ЈЗО Болница Велес. Педесет и шест годишниот специјалист по хирургија и урологија има три децениски работен стаж од кој дваесет и пет години како лекар специјалист.
Специјализацијата на Др Стровјаноски овозможи во 1998 година и во велешката Болница да биде формиран прво уролошки отсек на хируршко одделение за потоа, во наредната година, да го формира и опреми Уролошко одделение чиј што началник беше се до почетокот на 2010 година. Др Стровјаноски досега има учествувано на повеќе студиски обуки и престои за усовршување од ендоурологија, роботска урологија, нови минимално инвазивни техники во Урологија, ласерски третмани во Урологија и дијагностика на карциномот на простата со биопсии на простата во Клинички Центар Љубљана и во Хоспитал Еразме во Брисел.

За нов директор на Посебното Основно училиште „Маца Овчарова“ во Велес од вчера е именувана Лена Гаданец.
Новата директорка на училиштето е дипломец на Факултетот за дефектологија во Белград. Гаданец долги години работи како логопед во Посебното основно училиште во Велес каде веќе ја има извршувано функцијата директор во мандатот 2002-2007 година. /У.Ј


