Нови директори и раководители на јавни институции и претпријатија во Велес
Објавено: 7 август, 2017, во 08:40 часот
Тројца нови директори на јавни здравствени установи, еден на јавно водостопанско претпријатие и двајца директори на државни институции кои потекнуваат од велешко се именувани деновиве од страна на министрите или Владата. Нов директор доби и фабриката за шински возила „Колска“. Нов командир има и полициската станица во Чашка.

Дипломираниот економист Николче Димовски е новиот директор на ЈЗО Здравствен дом во Велес. Тој на раководната функција во оваа здравствена установа доаѓа од велешката Болница.
Д-р Зоран Матев специјалист по интерна медицина – пулмологија ќе раководи со Болницата за белодробни заболувања „Јасеново“. Тој е лекар специјалист со годишно работно искуство. Д-р Матев и претходно беше директор на оваа јавна здравствена установа во периодот .
И Центарот за јавно здравје во Велес доби нов директор. Тоа е д-р Тони Димитриев.

Со одлука на Владата за нов директор на Јавното водостопанско претпријатие „Лисиче“ е именуван дипломираниот етнолог и антрополог Дејан Арсовски.
Дипломираниот машински инжинер Митко Јанков е именуван за нов директор на фабриката за шински возила „Колска“.

Во последните неколку дена нови раководни лица добија и Инспекторатот за локална самоуправа на Република Македонија каде за директор е именуван Агим Муртезани и Џевад Кицара во Институтот за стандардизација на Републка Македонија.

Нов раководител доби и Подрачната единица на министерството за земјоделство во Велес каде за раководител е именуван Зоран Наковски од Извор додека за командир на полициската станица во Чашка е именуван Трајче Алтанов./У.Ј


