Љубинка Попова именувана за нов директор на ШС „Бабуна“ во Велес

Објавено: 15 август, 2017, во 23:21 часот

Со одлука на генералнот директор на ЈП „Македонски шуми“, Зоран Горѓиев од вчера, вторник 15 август, за нов директор на подружница Шумско стопанство „Бабуна“ во Велес е именувана Љубинка Попова.

Педесет и три годишната Попова е дипломец на Шумарскиот факултет на УКИМ и на Правниот факултет. Зад себе има дваесет и девет годишен работен век во велешката подружнива на јавното претпријатие како шумарски инжинер.

Новата директорка во ШС „Бабуна“ денеска стапува на должност. /У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.