Велешката полиција поднесе кривична пријава против поранешниот Командир на ПС во Велес
Објавено: 29 септември, 2017, во 15:12 часот
СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(35) од Велес, вработен во СВР Велес (поранешен командир на Полициска станица од општа надлежност Велес), поради основано сомнение дека сторил кривични дела “злоупотреба на службената положба и овластување“, “несовесно работење во службата“ и “уништување или прикривање на необработен архивски материјал“.
„На 12.09.2017 година, во Полициска станица Велес во метален сеф во канцеларијата на командирот е пронајдена службена документација за одземена возачка довола. Од извршените проверки е утврдено дека пријавениот во својство на командир не превзел службени дејствија кои бил должен да ги превземе за да се процесуира одземената возачка дозвола врз основа на правосилно судско решение и истата да ја проследи до надлежните служби за внесување на заштитната мерка по што настапила и застареност на извршувањето на прекршочната санкција.
Исто така извршена е проверка на копии од две наредби за прекувремена работа за декември, кои биле заведени со ист деловоден број, а различен потписник. Од извршените проверки е утврдено дека пријавеното лице ја злоупотребил службената положба и овластување со тоа што на исти наредби се допишал на неколку од нив и наместо оргиналните наредби потпишани од началникот, изготвил и дал наредба да се изготват други наредби со истиот евиденциски број прикривајќи ја оргиналната наредба за прекувремени часови,“ пишува во дневниот билтен на МВР.


