Чадиев: Во изборната програма е предвидена изградба на четири кружни текови во Велес
Објавено: 29 септември, 2017, во 15:31 часот
Во изборната програма на ВМРО ДПМНЕ и кандидатот за Градоначалник Славчо Чадиев со кои ја бараат довербата од граѓаните за нов мандат предвидена е изградба на 4 нови кружни тековиво Велес. Како што рече Чадиев, на денешната прес конференција, тие биле добри сообраќајни решенија, обезбедувале подобар поток на возилата и побезбеден сообраќај во Велес.
– Потребата од нив е голема. Само така на неколку места кои се детектирани како црни точки ќе се намали сообраќајниот застој во ударните термини кога најголем дел од граѓаните одат и се враќаат од своите работни места. Првиот од нив е планиран на крстосницата помеѓу улиците „Благој Ѓорев”, „Оливер Китановски” и „Наум Наумовски – Борче”, крстосница која велешани популарно ја нарекуваат „Панини“. Изградбата на овој кружен тек е прв приоритет. Тука имаме најголем сообраќаен метеж. Затоа е потребно што побрзо тој да се направи. Истовремено освен овде предвидуваме изградба на кружни текови кај „Круг“ и на крстосницата каде сега се лоцирани семафорите. Вака регулираниот сообраќај, се очекува значително да растерети сообраќајот во овој дел на градот, а движењто на возилата да се одвива без никакви застои. За да се зголеми безбедноста на крстосницата каде што е поставен споменикот на Алексо Демниевски – Бауман предвидовме изградба на кружен тек. Со овој проект се предвидува проширување на коловозот со уште една лента од кружен тек авона до Трговскиот центар а со тоа и воведовуње на двонасочен сообраќај и изградба на кружен тек на местото на постојниот триаголник каде што е поставен споменикот на Алексо Демниевски Бауман, рече Чадиев
Освен во централното градско подрачје предвидена била изградба на кружен тек и на влезот во Велес, кај Башино Село. Реализација на проектот произлегувала од зголемената опасност за сообраќајни незгоди бидејќи таму се вкрстуваат регионален и локален пат, што впрочем претставува главен влез и излез од градот за сите товарни возила.


