Коцевски: „Квалитетни и брзи услуги за граѓаните и поттикнување на креативните потенцијали на младите“

Објавено: 30 септември, 2017, во 15:21 часот

Пред осум ипол Општина Велес беше лидер во Македонија во давање на квалитетни и брзи услуги за граѓаните на Општина Велес. За жал работите се променија, рече на денешната прес конференција кандидатот за Градоначалник на СДСМ, Аце Коцевски.

– Ние планираме во наредниот период Велес повторно да биде лидер во оваа област, со тоа што ќе отвориме нов граѓански сервис центар во кој граѓаните на Општина Велес на едно место ќе можат да ги остварат сите нивни барања и потреби поврзани со добивања на одредени услуги и документи како од локалната самоуправа така и од органите на централната власт. Планираме тој проект да биде реализиран во партнерство со Владата и неколку министерства и потоа да биде реализиран и во останатите општини во Република Македонија. На тој начин граѓаните на Велес ќе добијат многу побрзи, поквалитетни и поефтини услуги, наместо да одат да талкаат од еден до друг шалтер како што тоа е во моментот, рече Коцевски. “

Исто така, тој смета дека на младите не треба да се гледа само како на иднина на градот и на државата туку и на нивните сегашни потреби. Затоа во Програмата на Социјалдемократскиот сојуз и Колацијата за претстојните локални избори се предвидени проекти што ќе требало да го подобрат квалитетот на живеење и создавање на услови младите својата сегашност и иднина да ја гледаат и да ја градат тука во родниот Велес. 

– Ние ќе направиме се што е во рамките на нашите можности да се создадат претпоставки младите да ги искористат своите креативни потенцијали за развојот на Велес. Конечно ќе профункционира младинскиот совет преку кој младите ќе можат да даваат креативни идеи во кој правец треба да се развива Велес во наредниот период. Ќе основаме и младински Креативен центар во кој ќе се потрудиме младите да ја искористат својата енергија и преку разни социјални и друг вид на проекти да ги вложат својата енергија и своето знаење за проекти кои ќе му донесат добробит на Велес во наредниот период. Исто така планираме младите да ги вклучиме во бројни меѓународни проекти преку кои тие ќе се калат, ќе стекнуваат искуства за да можат после своите знаења да ги вградат во развојот на Велес и во развојот на својата иднина,“рече Коцевски.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.