(ВИДЕО) Коцевски и Коциќ на 15 Октомври побараа мандат од граѓаните за по чист, по уреден и по еколошки Велес
Објавено: 2 октомври, 2017, во 15:17 часот
За жал градот Велес никогаш не бил по нечист и по неуреден од колку што е тоа сега, грдата слика ја има секаде низ градот, преполни контејнери и ѓубре расфрлано од животните на сите страни, кучиња скитници во безброј на улиците во градот, затоа здравата животна средина и обезбедувањето на чиста и здрава вода за пиење е врвен наш приоритет, рече на денешната прес конференција кандидатот за Градоначалник на СДСМ, Аце Коцевски. Тој соопшти дел од проектите од изборната програма на претстојните Локални избори со кои ја бара довербата на велешани.
{vembed Y=xCt7JQD0Dk0}

И втората прес конференција на локалната опозиција беше посветена на состојбата во која се наоѓа општината кога се во прашање комуналната хигиена, зеленилото и состојбата со кучињата скитници. Носителот на Листата со кандидати за Советот на општина Велес од СДСМ, д-р Ненад Коциќ рече дека под раководство на Славчо Чадиев и мнозинството на Советот на општина Велес од ВМРО ДПМНЕ, оваа општина претставувала нечисто и неуредно место за живеење.
– На 15 Октомври мора да се даде шанса на луѓе коишто знаат како да ја почитуваат екологијата и да ги практикуваат мерките за подобар,почист и поеколошки Велес,“ рече д-р Коциќ.
{vembed Y=zJ-So73g_A0}


