Коцевски: Велес ќе добие затворен пливачки базен
Објавено: 3 октомври, 2017, во 16:55 часот
Заживување на спортот и помош на врвните велешки спортски клубови за да се вратат во елитните лиги на натпреварување се врвен приоритет на Коалицијата „За живот во Македонија“ доколку ја добие довербата на граѓаните на претстојните локални избори. Кандидатот за градоначалник Аце Коцевски денеска на прес конференција соопшти дел од, како што рече, најголемите инвестициони зафати што оваа коалиција предводена од СДСМ планира да ги реализира во наредниот четиригодишен мандат.
– Планираме да изградиме затворен пливачки базен во дворот на училиштето Васил Главинов во кој во предпладневните и попладневните часови ќе се одржува настава по физичко воспитување, пливањето е многу важно за правилниот развој на телото на децата а во вечерните часови и во сабота и недела ќе се користи за рекреација на сите останати граѓани на Велес. Исто така планираме да продолжиме со реконструкцијата на спортската сала таму каде што е застанато.Пред се сакаме да го реконструираме спортскиот терен затоа што тој не ги задоволува меѓународните стандарди за организирање и одржување на меѓународни натпревари и се разбира кровниот покривач и другите потребни зафати. Планираме да продолжиме исто така со реконструкција на градскиот фудбалски стадион да изградиме нов трибински простор и многу содржини во под трибинскиот простор, планирани се и многу други зафати затоа што се сериозно многу запуштени постоечките спортски терени во градот заради не соодветна грижа во изминатиот период. Планираме да изградиме барем две балон спортски сали за да ги подобриме условите за спорт и рекреација на нашите сограѓани, рече Коцевски.
Тој додаде дека особен акцент ке ставеле на законската обврската на општината да го помага масовниот спорт и училишниот спорт, ќе ги врателе повторно детските олимписки игри како и лигите на натпреварување меѓу училиштата со цел да се поттикне спортскиот дух меѓу дечињата и меѓу учениците во нашиот град./У.Ј


