(ВИДЕО) Коцевски: „Подобрување на локалната бизнис клима во Велес, отворање на што повеќе работни места и намалување на сиромаштијата“

Објавено: 4 октомври, 2017, во 15:53 часот

Покрај основните базични надлежности на локалната самоуправа, врвен приоритет во наредните четири години на општината ќе биде подобрување на локалната бизнис клима со цел да отвориме што повеќе работни места и да ја намалиме сиромаштијата, рече во денешната изјава кандидатот за Градоначалник на Велес Аце Коцевски од коалицијата предводена од СДСМ. Тој ги потенцираше проектите од изборната програма со која ја бара довербата на велешани и се однесуваат на создавање на потенцијална работна рака за подобрување на бизнис климата во Велес.

– За тоа да го постигнеме ќе продолжиме со изградбата на комуналната инфраструктура во постоечките индустриски зони ќе градиме нови партнерства со бизнис заедницата , ќе направиме измени во професионалната ориентација на младите со цел од средните стручни училишта да се продуцираат кадри кои полесно ќе можат да дојдат до работно место според предходно лоцираните барања и потреби на бизнис заедницата. Ќе направиме повеќе проектни активности за пред квалификација , доквалификација и обука на невработените од Велес, за да им го олесниме пристапот до работни места. Ќе направиме повеќе проектни активности за пред квалификација , доквалификација и обука на невработените од Велес, за да им го олесниме пристапот до работни места .Исто така како голем проект ја најавуваме и гасификацијата на градот Велес почнувајќи со индустриските објекти со цел да ги намалиме трошоците на претпријатијата и заштедите кои ќе настанат заради поефтината цена на енергенсот гас во споредба со другите енергенси да се вложат во дополнителен развој со што ќе се генерираат нови работни места, рече Коцевски.

{vembed Y=iNMsxWigWuU}

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.