(ВИДЕО) Коцевски: “Ќе ги помагаме сиромашните и ќе отвориме Дом за стари лица во Велес“
Објавено: 5 октомври, 2017, во 14:48 часот
Доколку ја добие довербата од граѓаните, Коалицијата „За живот во Велес“ предводена од СДСМ, планира да го поттикне процесот на децентрализација на власта и за многу скоро време да ги превзеде сите надлежности на Центарот за социјални работи од државата. Според кандидатот за Градоначалник на Велес, Аце Коцевски на тој начин општината во наредниот период ќе може да посвети многу поголемо внимание за обезбедување на средства за најсиромашните категории граѓани на општина Велес, на кои помошта им е неопходно пoтребна.
– Исто така ќе се грижиме и за лицата кои се изложени на семејно насилство, на децата од улица, на бездомниците и на другите категории на граѓани. Ќе направиме максимални напори да ги подобриме и условите каде што се згрижени лицата со посебни потреби, а исто така ќе обезбедуваме доволни финансиски средства на нашите сограѓани на кои тие им се неопходно потребни за некои тешки оперативни зафати и во случај на пожари, експлозии или слични работи кои секогаш може да се очекува дека може да се случат. Нашите амбиции се исто така по пат на јавно приватно партнерство во некои од објектите кои се во сопственост на општина Велес, да создадеме претпоставки за отварање на Дом за стари лица во Велес затоа што тој е неопходно потребен затоа што голем број наши сограѓани од постарите, повозрасните генерации заради тоа што нивните деца заминаа во странство, останаа без соодветна грижа, рече Коцевски
Тој додаде дека исто така во соработка со Црвениот крст и други невладини организации планираат да обезбедат нега на возрасните лица во домашни услови како и снабдување на лекови и други неопходно потребни работи. /У.Ј
{vembed Y=vJVZ8bcm3QA}


