Данов: Турските историчари за македонската држава

Објавено: 26 мај, 2018, во 17:48 часот

Во ова мошне турбулентно време за нас Македонците, кога се решава судбината на државата и нејзиното име, мои пријатели новинари од Република Турција ми испратија еден документ реферат кој е прочитан на една средба на историчари во Анкара , далечната 1989 година. Тој е историски поглед на вистината која турските историчари не можеле и не сакале да ја сокријат од нас, но нејзиното постоење и содржината досега не сме ја знаеле.

Дали и колку ни одговара историската вистина за која пишуваат турските историчари, сега не е важно. Важно е што некои ставови директно ја пополнуваат нашата историска мисла , ни кажуваат што другите мислат за нас. Во продолжение Ви ја пренесувам интегралната статија, од која можат да се научат и сфатат некои интересни моменти за Македонија и за нас македонците.

„Македонските православни христијани по 1847 година ,од разни мисионери имале изградени основни училишта и други средни училишта, цркви, , домашни училишта и болници. Како резултат на нивната интензивна пропаганда, споменати во повеќето европски и американски мисионерски организации, доста македонските православни христијани во 1859 година во Кукуш поминале во католички христијани.

Православните христијани во скопска Црна Гора, Дојранско и 58 села во области на овие градови, како и Гевгелија преминале во католичката религија и тоа преку 38 католички школски курсеви. Исто така, тогаш во Македонија дошле 49 католички свештеници. Од постоечките пет тогаш четири биле католички училишта.
Католичката религија на папата , насочена против македонските православни христијани, била многу внимателно толерирана. Слободата градена на верско обожување и образование направиле нивниот јазик да го признаваат како главен јазик, Солун да стане католички лазаристички центар, што бил само еден во Отоманската империја во која најмногу имало во Истанбул.

Мисионерските организации сакале да се поврзат преку православните христијани со руски и панславистички движења. Тие сакале да се создадат чувства на непријателство кон муслиманите. Словените од Македонија преку мисионерство работеле против сопствената религија, образование, култура, и во корист на некоја економска независност.

Помеѓу 1839-1876 година во Отоманската империја, еднаквоста и правдата биле обезбедени за Словените од Македонија. Тие стекнале корист од својата “Преродба” преку повеќе отворени училишта, читалишта, библиотеки и весници како и со објавени книги.

Црквата, од 1857 до 1880 година, во 16 општински училишта наставата овозможила да се држи по учебник на народен , македонски јазик , објавен во согласност со плановите и програмите. Учебниците од „преродбата” се од водечките писатели Партение Зографски, Кузман Шапкарев, Димитар Македонски и Ѓорѓи Пулевски. Повеќето од учебниците биле објавени во Истанбул.

Словените од Македонија првите весници на македонски ги објавиле во Истанбул, во втората половина на ХIХ век, поточно првиот во 1864 во Истанбул со име “Македонија”, вториот во 1878 година со име “1878 Календар” и третиот во 1885 година со име “Македонски Глас”.

Помеѓу 1839-1876 годна Отоманската империја имала многу толерантен однос во екстремни услови . Во Македонија се граделе цркви и училишта, а илјадници студенти се пратени на курсеви за учители. Односот на државата кон овој хуман и цивилизиран гест е прифатлив, но овие места и овие училишта станале дел од борбата против турската држава и нација.

Во овие училишта, студентите се школувале со чувство на омраза против Турците и Муслиманите. Подоцна, овие наставници се вклучени во наставата по бугарски јазик во општински училишта и цркви. Нивните активности, започнување на војната против Османлиската Империја и на турската нација, донесени се од непријателска политичка организација од Бугарија. Во последната фаза на непријателство против Отоманската Империја и турската нација, тие имале свои училишта и цркви како и места за состаноци и подготовка за востание против империјата а собирале муниција и правеле депоа за оружје.

Всушност, пред инвазијата од страна на армиите на балканските земји, односно Балканските војни во 1912 година, во Македонија имало околу 2.300 цркви и околу 2.500 свештеници. Тогаш веќе имало изградено 2.000 училишта и 3.000 учители обучени на курс. Овие бројки се дадени од страна на христијаните од Османлиската империја .Во Македонија постоела еднаквост и целосна верска, образовна и културна слобода за христијанското население.

Во втората половина на XIX век, особено по 1878 година и Берлинскиот конгрес , во Македонија немало национално ниту религиозно единство. Постоеле христијани кои живееле со грчки, бугарски, српски, влашки и така натаму пропаганди, се поврзувале со нив и како резултат на еден ужасен судир на верата и народноста често преку анархија и насилство, колење и убиства , тие организирале немири.

Така,Отоманската империја помеѓу 1878-1912 година,  еден од најголемите проблеми го имала со Македонија. Во текот на овој период, Отоманската империја и турскиот народ кои живеел во Македонија бил многу добронамерен и толерантен кон не-турските елементи, но Македонските Словени не биле задоволни со однесувањето на државните органи .

Во србскиот дел на Македонија по инвазија од страна на армиите од балканските држави на Македонските Словени им се забранило да зборуваат на нивниот јазик, се забранила нивната религија, , култура и така натаму. Тие ја изгубиле национална слобода.

По Првата светска војна, српската администрација во “Српската бановина” велеше – нема Македонци ! Вие сте Јужносрбијанци !! Во училиште, во библиотека, не се говорел македонскиот јазик и немало весник на македонски јазик. Ги забранила србската Влада.

Како резултат на тоа, се нагласува дека слободата создадена од страна на образовни, културни, економски, социјални и политички услови на Македонските Словени во втората половина на XIX и почеток на XX век веке ја немало во Македонија.

Македонската национална свест што била создадена во Отоманската империја веќе ја немало ниту фер и толерантна политика што се спроведувала од страна на не-турски елементи, нивниот јазик, религија, образование и култура.

Ако Османлиската империја им дадеше на Македонските Словени автономија, со свој Парламент, на чело со свои истакнати поединци кои народот ке ги сакаше, можеби ќе беа избегнати Балканските војни. Турција ќе ја имаше Автономна Македонија за сојузник која ќе се бореше за нејзино автономно опстојување и нити Бугарија, Србија и Грција не ќе можеа да ја придобијат на своја страна со пропаганди и повици за востание.

Ако Македонија станеше сојузник на Турција на Балканот, веројатно Турција ќе останеше уште долго таму присутна.

Можеме да кажеме од ова историска дистанција дека Турција тогаш погреши!. Македонија требаше да добие автономија!! “

Ова признание на официјалната турска историска мисла е она нишка што недостига во историската свест на Македонецот, барем на оние свесни и разбрани родољуби, кои занесени од разните пропаганди војуваа за туѓи интереси , стремежи, идеали , верувајќи дека го прават најдоброто за Македонија. Оваа размисла е соопштена официјално на Меѓународниот симпозиум „150 Годишнината од Транзимат“, одржан од 31 Октомври до 3 Ноември 1989 година. (Анкара: ТТК. 1994 година. 489-499 ).

Статијата поттикнува на размислување. Не сакам да сугерирам и да го усмерувам Вашето мислењето, но мислам дека треба добро да ја прочитаат сите што се засегнати и што и мислат добро на Македонија.

Љупчо Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.