Полицијата трага по двајца исчезнати велешани (ФОТО)

Објавено: 31 мај, 2018, во 11:07 часот

Две семејства од Велес бараат помош од граѓаните за нивни исчезнати роднини. Семејството на седумдесет и осум годишната Десанка Лапева извести дека таа од својот дом на улицата „Љубљанска“ број 25 излегла на 7 мај, еден час, по полноќ и повеќе не се вратила дома, рече портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

–  Жената е висока околу 160 цм. со црвена коса, облечена во сина тренерка и црна блуза на долги ракави и црни чевли. Се молат граѓаните да ја известат полицијата за било какво сознание во врска со исчезнатата жена, рече Додевски.

И семејството на шеесет и шест годишниот Наќо Илчев трага по него. Тој од својот дом излегол на 22 мај, годинава, утрото околу 7 часот и потоа не се вратил дома.

Човекот е висок околу 180 цм. Со беле коса, носи наочари, облечен во тренерки, горниот дел е црн со бели ракави.

Сите граѓани кои можеби ги забележиле исчезнатите лица можат информациите да ги соопштат во полициската станица на СВР Велес или на телефонот 192./У.Ј

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.