Четворица полесно повредени во сообраќајка во велешка „Шорка“

Објавено: 1 јуни, 2018, во 14:16 часот

Во директен судар на патнички автомобил марка „Ауди А4“ со велешки регистарски броеви управуван од четириесет и четири годишниот Г.Е. од Велес со возило марка „Застава Југо Корал 45“ со велешки регистарски броеви управувано од дваесет и девет годишниот З.Д. од Башино Село, што се случил утрово, повредени се четири лица. 

За среќа, со полесни повреди се здобиле возачот и сопaтниците во Аудито М.Е.(46) од Велес, А.А.(28) од Велес и Р.Д.(54) од Башино Село. 

Повредените со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Општа Болница каде биле прегледани и им била укажана лекарска помош. Потоа сите се пуштени на домашно лекување.

Сообраќајката се случила во населбата Шорка поточно на улицата Вардарска утринава околу 7 и 15 часот.

Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Велес. Таа ќе ги утврдува причините за сообраќајката./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.