Кавадаречки „Нисан“ удри полициска „Шкода Јети“ кај Велес

Објавено: 22 јуни, 2018, во 12:39 часот

Policiskovozilo fin

Автомобил марка „Нисан“ со кавадаречки регистерски таблички претпладнево околу 10.15 часот удрил полициското возило марка „ Шкода Јети“ на самиот излез на Велес, кај штипска клучка. Полициското возило по ударот било отфрлено во банкината покрај патот.  Возилото „Нисан“ го управувал шеесет и шест годишниот Л.К. Ударот не бил сериозен и нема повредени лица ни во полициското ниту во возилото со кавадаречки регистерски ознаки.

Екипа на СВР Велес направила увид на местото на сообраќајката. Дополнително ќе се утврдуваат причините за несреќата./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.