Бездомник почина на улица во Велес

Објавено: 2 јули, 2018, во 15:44 часот

bezdomnik fin

Педесет и три годишниот З.С од Велес починал вчера околу 16 часот додека седел на клупа покрај фонтаната Авона на главната градска улица „Благој Ѓорев“. Телото на починатиот маж го забележале граѓани кои живеат во зградата покрај фонтаната. Тие повикале брза помош но лекарите само ја констатирале смртта.

Увидна екипа на СВР Велес и Јавен обвинител направиле увид по што телото на починатиот маж било испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. Во постапка бил утврден и идентитетот на починатиот поточно било потврдено дека станува збор за педесет и три годишниот З.С, лице со намалена интелектуална способност.

Тој долго време живееше на улиците во градот. Во текот на зимските месеци негов дом беа повеќе влезови во згради во централното градско подрачје. Беше мирен и повлечен човек на кого сограѓани му помагаа со храна и облека./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.