Второ авионско третирање против комарци во Велешко во петок на 6 јули
Објавено: 4 јули, 2018, во 08:22 часот
Авионското третирање ќе се реализира во периодот од 05.00 до 0630 часот. Границата, на третирањето со авионското прскање е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.
Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.
Општината ги известува пчеларите во времето на третирањето и 3 – 4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.
Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 07 јули,сабота.

