Обид за убиство во Велес

Објавено: 13 август, 2018, во 09:26 часот

svr veles

 

Триесет и шест годишниот П.Н од Велес синоќа е прободен со нож и се здобил со сериозни повреди. Од СВР Велес го потврдија настанот и информираат дека се случил синоќа околу 22 часот во ходникот од зградата на улицата „Васил Главинов“ – К2.

 

„ Од страна на З.А.(29) од Велес  со употреба на нож е прободено лицето  П.Н.(36) од Велес.  Повредениот е пренесен во ЈЗУ Општа болница – Велес и поради сериозноста на повредите истиот е пренесен на лекување во Клиничкиот центар   – Скопје“ рече портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Увид на местото на настанот извршила екипа од велешката полиција./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.