Запален „Мерцедес“ во Велес

Објавено: 15 август, 2018, во 08:28 часот

zapaleno vozilo

Патнички автомобил, марка „Мерцедес Ц180“ еден час по полноќ е опожарен во двор од семејната куќа на ул. „Гоце Делчев“ во с. Отовица – Велес, информираа од СВР Велес.

 

„Возилото е со штипски регистарски броеви, сопственост на С.И (64) од Велес.  Од страна на екипа од Територијалната противпожарна единица – Велес возилото е изгаснато. Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Велес“ рече портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски./А,Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.