Полицијата откри и одзеде стебла на канабис во село Крајници

Објавено: 30 август, 2018, во 08:27 часот

svr velesfin

При претрес во домот и на имотот на лицето Т.К.(67) од велешкото село Крајници, вчера 29 август 2018 година, СВР Велес пронајде и одзема околу 130 стебла oд растението – канабис сатива од кое се произведува опојната дрога – марихуана.

Освен стеблата, одземени се и четири вреќи полни со истото растение и пеесеттина помали кеси со истото растение во исушена форма со тежина од околу 2,5 килограми. 

Полицијата против лицето Т.К ќе поднесена соодветна кривична пријава до Основен суд – Велес./У.Ј

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.