Иванов: Време е да изградиме држава по европски правила! – Koцевски: Ние имаме обврска кон нашите деца. Кој ако не ние!

Објавено: 26 септември, 2018, во 19:38 часот

PanceiAco fin

Со европските реформи создаваме функционална држава во која владеат редот и законот и во која институциите се сервис на граѓаните, отворени и отчетни. Зачленувањето во Европската Унија е позитивна промена која ќе резултира со изградба на европско општество и држава по европски правила. Низ оваа трансформација, со поддршка од Европската Унија ќе обезбедиме независно судство, слободни медиуми, професионална јавна администрација, подобро и подостапно здравство, поквалитетно образование и беспоштедна борба против корупцијата, рече во обраќањето кон велешани пратеникот на СДСМ, Панче Иванов. Тој додаде:

„Ние избираме да одиме напред, кон подобра иднина, преку членство во НАТО Алијансата и Европската Унија. Не сакаме да останеме заглавени во неизвесност, ризик и изолација.

Членството во НАТО Алијансата и Европската Унија гарантира просперитет, економски развој и подобар живот на сите наши граѓани и за сите наши деца.

Ја обезбедуваме сигурноста и безбедноста на граѓаните и заштитата на државните граници.

Развојот на Македонија можеме да го постигнеме само преку влегување во сојуз со големите светски сили, како рамноправна членка со право на глас.

Одлуката е исклучиво наша и само ние можеме да ја донесеме, дали ќе продолжиме понатаму со цивилизираниот свет или ќе заостануваме век зад него…

Затоа велиме дека Зачленувањето во ЕУ е позитивна промена која ќе резултира со изградба на европско општество и држава по европски правила и затоа, почитувани сограѓани, достоинствено и со почит Ве повикуваме да излезете на Референдумот во Недела на 30-ти Септември и да го дадете својот глас – За европска Македонија!!!

Да избереме иднина за нашите деца, иднина за Македонија, бидејќи Европската Унија ја поддржува Европска Македонија, “ рече Иванов.

И Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски, в недела, на 30 септември ги повика граѓаните да излезат и да си го остварат правото на глас:

„Почитувани граѓани и граѓанки, децата се нашето најголемо богатство. На децата мора да им обезбедиме подобар живот, подобра сегашност и иднина.
Децата сакаат да растат во безбедна, стабилна и сигурна држава.
За децата мора да се обезбеди да растат и да се развиваат во услови на здрава животна средина. Ние имаме обврска и одговорност за нив. Кој ако не ние!
Затоа сите да излеземе масовно и да помогнеме за Македонија да тргне напред, за да обезбедиме сигурна иднина и просперитет за нашите деца.
Почитувани граѓани и граѓанки
Иднината на вашите деца и внуци, иднината на нашите деца и внуци е во ваши раце и во вашиот глас,“ рече Градоначалникот Коцевски.
Затоа излезете масовно на вашите избирачки места и со чиста совест и здрав разум изразете го вашиот став на референдумот.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.