Во завршни обраќања Иванов, Коцевски, Арсовски и Војдиновска ги повикаа Велешани да излезат на референдумот на 30 септември и да гласаат за европаска Македонија
Објавено: 27 септември, 2018, во 15:23 часот
Во денешните завршни обраќања кон граѓаните на Општина Велес, на три дена пред референдумот, пратеникот на СДСМ, Панче Иванов, Градоначалникот на Велес Аце Коцевски, Претседателот на Општинската организација на СДСМ во Велес Дејан Арсовски и европската судијка во карате Климентина Војдиновска упатија пораки во кои ги повикаа своите сограѓани да излезат и да го дадат својот глас за европска Македонија и членство на државата во НАТО.
.Иванов на Велешани им порача дека „секој глас ЗА, носи подобра иднина за НАШИТЕ ДЕЦА“! и додаде:
„Децата бараат да им обезбедиме подобар живот. Децата бараат да растат во здрава животна средина, безбедна и стабилна држава.
Имаме обврска да излеземе и да помогнеме Македонија конечно да тргне напред. Не можеме да чекаме уште 27 години. Време е за одлука !
Членството во Европската Унија и НАТО Алијансата ќе донесе нови и големи директни странски инвестиции во Македонија.
Инвестициите отвораат нови работни места, а Македонија станува конкурентна, се зголемува растот на платите, ќе се зголемуваат бруто – домашниот производ и извозот.
Вкупната годишна Eвропска помош за Македонија изнесува 90 милиони евра, односно 260.000 евра дневно.
Влегуваме во Унија од 500 милиони потрошувачи, или 250 пати поголем пазар од домашниот.
Секој глас ЗА, носи повеќе странски инвестиции и повеќе фондови, повисоки плати, нови работни места, повеќе странски инвестиции, влог во инфраструктура.
Македонија избира иднина, Европската Унија ја поддржува Македонија !!!
Затоа, на 30-ти Септември, да излеземе сите, ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА !!!“, рече Иванов.
Градоначалникот Коцевски констатираше дека е „време е да изградиме држава по европски правила.
„Ве повикувам, драги млади, драги граѓани на европска Македонија, ајде да избереме семејство, европско и стабилно семејство во кое сме безбедни, заштитени и во кое имаме сојузници со кои заедно ќе одиме напред. Секој ден понапред, кон јасна иднина.
Вашата генерација има привилегија да ја менува Македонија кон подобро. Имате уникатна шанса, еднаш на 30 години, да ја земете судбината на Македонија во своите раце и да го исцртате патот кон успехот преку еден едноставен чекор – глас на референдумот на 30 септември.
Секој ваш глас е важен и потребен. И не само тоа, потребно е да зборувате, да поттикнувате, да мотивирате. Кажете им на своите блиски, на другарите, на родителите, на бабите и дедовците – кажете им дека е ова ваше време и дека треба да станат, да излезат за вас, за вашата иднина и за иднината на европска Македонија.
Почитувани граѓани,
Oвој историски момент е поголем од секој од нас, од нашите партии, кавги или лични интереси. Да ги оставиме различните убедувања и интереси за момент зад нас и да ја видиме светлината на Европа која не повикува.
На 30-ти Септември да гласаме сите – ЗА Европска Македонија!“, рече Коцевски.
Граѓаните одлуката за иднината да ја донесат во заедништво, побара од Велешани претседателот на СДСМ во Велес, Дејан Арсовски:
„Историските моменти повикуваат на одговорност, за иднината на Македонија сите треба да дадат придонес.
Сега во сите нас е шансата да ја поведеме државата во модерна и цивилизирана Европа, во Европа без граници, во европското семејство на стабилност и безбедност, да бидеме заштитени од нашите сојузници во НАТО Алијансата, со кои заедно ќе одиме напред!
Заедно сме посилни, сите заедно, сите граѓани на Македонија, да се обединиме во различностите, да ја поведеме Македонија, напред кон посветла и просперитетна иднина!
Во недела не се седи дома ! Недела е ден за историска одлука. Недела е ден за гласање.
Што и да направиш, во недела ќе влијае трајно врз иднината на твојот живот и врз иднината на државата.
Ти одлучуваш, во недела излези и гласај – ЗА Европска Македонија!“, рече Арсовски.
Сите ние имаме должност и одговорност да се бориме за Европска Македонија, констатираше во своето завршно обраќање Војдиновска. Таа додаде:
„Иднината и личниот просперитет на секој од нас не повикуваат дека мора да излеземе за ЕВРОПА, за НАТО, за достоинствен живот на сите во Македонија затоа што :
– вистински патриотизам е кога се бориш до последен здив и оставаш срце на натпревари !
– вистински патриотизам е кога ги браниш боите на својата држава!
– вистински патриотизам е кога се бориш за европска Македонија!
и вистински патриотизам е кога ќе излезеш на референдум на 30 септември и ќе гласаш ЗА!“, рече Војдиновска.


