Во Велес, референдумското изјаснување според ОИК тече без проблеми а граѓани од населба Тунел со реакции дека го барале гласачкото место

Објавено: 30 септември, 2018, во 09:13 часот

znaminjapredopstina fin

На денешниот референдум според единствениот избирачки список со право на глас во Општина Велес се запишани 44.110 граѓани. Тие гласаат на вкупно 84 Избирачки места.

Претседателката на Општинската Изборна комисија Лили Велковска соопшти дека сите избирачки места се отворени точно во 7 часот, дека процесот на изјаснување на референдумот тече без проблеми и до 9 часот излегле и гласале 986 граѓани или 2,14% од вкупно запишаните граѓани со право на глас.

На терен пак има првични реакции од граѓани кои живеат во населбата Тунел, над клонот на детската градинка „Димче Мирчев“ се до гаражите на ЈКП Дервен дека во тој дел на Велес било сменето местото на гласање. Тамошните граѓани наместо како досега, во најмалку четири или пет изборни циклуси за парламентарни и локални избори кога гласале во приватен објект, сега на денот на референдумот дознавале дека треба да гласаат во основното училиште „Васил Главинов“ кое од нивните домови е оддалечено два и повеќе километри во еден правец. Овие граѓани информираа дека до денеска никој не им ја соопштил промената на гласачкото место./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.