Референдумското изјаснување до 13 часот: Во Чашка 16%, во Градско 14,35% и во Велес 14,65%
Објавено: 30 септември, 2018, во 11:55 часот
Без проблеми и сериозни нарушувања на избирачкото право тече референдумското изјаснување на граѓаните во Општините Велес, Чашка и Градско.
Според Претседателот на Општинската изборна комисија во Чашка Марјан Јовановски до 13 часот одзивот на граѓаните изнесува 16%. Од вкупно запишани 6.005 граѓани во Единствениот избирачки список правото на изјаснување го искористиле 996 граѓани.
– Избирачките места се отворени навреме, во 7 часот утрово и до овој момент гласањето тече без проблеми , рече Јовановски.

Во Општина Градско каде право на глас имаат вкупно 3.136 граѓани на 11 Избирачки места до 13 часот излегле и гласале 14, 35%. Според Претседателката на Општинската Изборна Комисија Мери Седмакова Димовска референдумското изјаснување тече без проблеми.
Иста е состојбата и во Велес. Претседателката на Општинската Изборна Комисија Лили Велкова вели дека излезноста на граѓаните во општината до 13 часот изнесува 14,65% или од вкупно запишани 46.110 веќе излегле и гласале 6.758 граѓани. ОИК Велес нема регистрирано нарушувања на референдумското изјаснување на граѓаните./У.J


