Сопружници однесени, на преглед и тестирање од Ковид 19,на Инфективното одделение во велешка болница предизвикаа паника во градот
На инфективното одделение во велешка болница денеска биле донесени двајца пациенти, маж и жена, откако обајцата се жалеле на симптоми кои се карактеристични за вирусот Ковид 19. Станува збор за возрасни сограѓани кои се вратиле од Германија пред една седмица и седеле во својот дом во Велес без да се пријават во Центарот за јавно здравје.
Првично била практикувана цела постапка на подготовка на персоналот, лекарите епидемиолози и инфектолози како и медицинските сестри, пред да бидат внесени пациентите на преглед. Потоа следеле двата одвоени прегледи на сопружниците и првичните тестирања. Но резултатите се негативни. Нив ги потврди и директорот на ЈЗУ Општа болница Велес, д-р Божидар Бојаџиев.
-Тестовите се негативни, пациентите се возрасни граѓани и можеби затоа не ги знаеја постапките што требале да ги превземат согласно препораките на министерството за здравство. По прегледот и добиените резултати од тестирањето тие се упатени дома со напомена дека не смеат да излегуваат надвор туку да бидат изолирани во својот дом додека не поминат 14 дена од нивното пристигнување во градот, додаде д-р Бојаџиев.
Сепак носењето на пациентите во болница и атмосверата поврзана со нивните прегледи создаде паника како во јавната здравствена установа така и помеѓу граѓаните во Велес. Веста брзо се прошири. Дел од граѓаните дури знаеја каде двајцата сопружници живеат, во кој дел од градот и на која улица и број. /У.Ј