Предадена втора количина на хуманитарни повеќе наменски заштитни маски за вработените во велешка болница

Објавено: 29 март, 2020, во 20:28 часот

MaskibolnicapredavaRuzica fin

29.03.2020 

Професионалната шивачка Ружица Николова денеска на медицински сестри вработени во ЈЗУ Општа болница Велес им ја предаде втората изработена количина на повеќе наменски заштитни маски од хуманитарната акција “Велешанки за јавното здравје“. Со оваа количина всушност за сите вработени лекари, медицински персонал и техничка служба се изработени по две повеќе наменски заштитни маски.

-Болницата како прва на удар, успеавме да ја обезбедиме со хуманитарните маски. Им посакуваме на сите вработени да им послужат и да ги заштитат максимално од коронавирусот кој првично ним ги демнее а тие мораат да бидат на работните места и да спасуваат човечки животи. Сега во наредните денови преку оваа акција ќе сошиеме по две маски за сите вработени во Здравствениот дом, потоа за вработените во Центарот за јавно здравје и секако за Болница „Јасеново“, рече Николова.

MaskiruzicapredavaBolnica fin

Медицинските сестри, примајќи ги маските, се заблагодарија на сите жени волонтерки за гестот и секако за поддршката што преку него група сограѓанки ја покажаа за медицинскиот персонал и за јавното здравство во Велес.

Во акцијата професионалните шивачки Ружица Николова и Славица Костова ги шијат маските додека волонтерки жени помагаат со доработки од чистење, пеглање и пакување.

maski fotostefkov

Акцијата ја прифати и координира Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ од Велес./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.