Двајца починати велешани откриени во стан во Велес
Објавено: 6 април, 2020, во 10:53 часот
6.04.2020
Две мртви тела на сограѓани, во стан на улица „4-ти Јули“ во Велес, се откриени утрово во близина на детската градинка кај Жаба зграда. Соседите пријавиле во полициската станица во Велес.
Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски потврди дека добиле повик од соседи, кои се пожалиле на смрдеа што доаѓала од станот на починатите. Првично, двете тела не се поврзуваат со коронавирусот.
Во станот живееле мајка и син и не биле видени надвор од станот над еден месец.

Освен полициската увидна екипа на лице место е излезен и Јавен обвинител. Резултатите од увидот ќе треба да ја потврдат причината за смртта како и времето кога настапила./У.Ј



