Новозаболени од коронавирус 12 велешани или досега вкупно 55 лица
Објавено: 18 април, 2020, во 14:11 часот
18.04.2020
Двајца велешани вработени во Центар за јавно здравје, четири сограѓани поврзани со веќе постоечки кластер кои се наоѓаат на лекување на инфективното одделение во Општа болница во Велес, четворица што се членови на семејство на лице вработено во трговска дејност и уште две лица вработени во маркет се новозаболени од Ковид 19 во изминатите 24 часа во Велес.
Вкупниот број со ново инфицираните 12 денеска во Велес изнесува 55 новозаболени. Од нив 4 се излечени, 3 починаа и во моментов има 48 активни сограѓани на коронавирус.
Инфицираноста на двете лица во ЈЗУ Центар за јавно здравје го затвора пунктот на институцијата. За време на продолжениот празничен викенд сите вработени се во самоизолација додека во вторник, 21 април пунктот нема да работи поради тестирање на можните контакти со инфицираните вработени во центарот.
-По утврдување на фактичката состојба јавноста благовремено ќе биде информирана за продолжувањето на активностите на Центарот, пишува во соопштението за јавност на Центарот за јавно здравје во Велес./У.Ј


