Центарот за јавно здравје во Велес продолжува со нормална работа
Објавено: 21 април, 2020, во 09:13 часот
21.04.2020
„Откако во дел од медиумите излегоа информации за наводно затворање на пунктот за земање брисеви и Центарот за јавно здравје во Велес, Министерството за здравство информира дека истиот продолжува со работа како и досега. Направена е ротација на кадри од другите одделенија, вклучително и лаборанти кои ќе ја покријат работата на пунктот за земање брисеви.
Во текот на утрешниот ден, ќе бидат направени епидемилиолошки анкети на вработените во ЦЈЗ Велес по што точно ќе се знае дали и колку од вработените ќе бидат во изолација. Дополнително, инспектори од Скопје и епдемиолози, ќе направат вонреден инспекциски надзор врз работата на велешкиот центар за јавно здравје за да се утврди дали се почитувани пртоколите или има некакви неправилности во постапувањето,“ пишува во соопштението за јавност објавено, вчеравечер на фејсбук страницата на ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес./У.Ј


