Ден без новооткриен случај на „Ковид 19“ во Велес
Објавено: 21 април, 2020, во 10:49 часот
21.04. 2020
Според објавата на информација за состојбата со коронавирусот во државата на министерот за здравство Венко Филипче, за прв пат, денеска во Велес нема потврден нов случај на инфективното заболување. Претпоставка е дека не се тестирани граѓани од Велес за време на продолжениот празничен, велигденски викенд. Министерот Филипче објави:
„ Регистрирани се 24 излекувани пациенти кои се лекуваа во домашни услови.
Потврдени се 7 нови случаи на ковид 19 и со ова вкупната бројка на дијагностицирани случаи во нашата земја е 1231.
Во ГОБ „8 сетпември“ почина пациент од Лабуништа на 70 годишна возраст. Во тешка состојба, пациентот бил хоспитализиран на 8 април и веднаш приклучен на респираторна машина.

Во изминатите 24 часа потврдени се 7 нови случаи на ковид-19. По градови:
– Куманово – 2
– Тетово – 3
– Кочани – 2
Бидејќи во вчерашниот извештај на ИЈЗ е двојно евидентиран еден контролен тест на пациент од Кочани, денеска е направена исправка со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1231.
Во изминатото деноноќие направени се 207 теста.
Досега во земјата се направени вкупно 12 340 тестирања на ковид -19,“ пишува министерот Филипче./У.Ј



