Четворица новозаболени и еден оздравен од „Ковид 19“ во Велес

Објавено: 19 мај, 2020, во 10:07 часот

Zelezenmostsonce fin

19.05.2020

Институтот за јавно здравје,денеска, регистрира 50 оздравени пациенти. Еден велешанец е оздравен а четворица се новозаразени. По градови оздравени граѓани има во:

– Скопје 16
– Куманово 10
– Прилеп 6
– Тетово 15
– Велес 1
– Крива Паланка 1
– Валандово 1

Во изминатите 24 часа направени се 533 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-3, Струга-1, Велес-4, Свети Николе-1 и Гостивар-1. Досега во земјата се направени вкупно 22255 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 203 теста се во рамките на скринингот во градинки во Велес и Скопје и сите се негативни. Од досега направените 908 тестирања на вработените во градинките во Битола, Скопје и Велес потврден е само еден позитивен случај на ковид-19 во Битола.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Скопје (78г) примен на 7 мај и пациент од Тетово (77г), на болничко лекување од 14 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1839, бројката на оздравени пациенти е 1351, на починати е 106, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 382.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.