Вонредна дезинфекција на Велес по вчерашната констатација на Кризниот штаб за алармантна состојба со коронавирусот во градот

Објавено: 22 октомври, 2020, во 13:20 часот

Dezinfekcija1

22.10.2020

Со оценката за алармантна состојба во со Ковид-19 во градот, Кризниот шатаб, вчера донесе одлука а денеска општината започна со вонредното дезинфицирање на главните и споредните но подолги како и во исто време фреквентни улици.

Вработените во ЈКП „Дервен” и пожарникарите на Територијалната противпожарна единица на Велес, ги дезинфицираат и јавно-прометните површини, особено просторите пред сите поголеми маркети, Железничката станица, пазарот во Нова населба, плоштадите „С’рмаале”, „Којник” и „Панко Брашнаров”. Се дезинфицира и просторот пред комплексот банки во центарот на градот, градскиот парк и рекреативната патека потоа Младинскиот парк.

Со возила се реализира дезинфекцијата на улиците „Благој Ѓорев” и „8 Септември” заедно со тротоарите како и улиците „Максим Горки”, „Вера Циривири” и „Димитар Влахов”.

– Со денешната дезинфекцијата се преземаат мерки за заштита на граѓаните од ширење на Корона вирусот и доколку биде потребно постапката ќе се повторува, рече градоначалникот Аце Коцевски./С.А

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.