29 жртва на Ковид-19 во велешко

Објавено на 29 октомври, 2020 во 12:46

 

bolnicavelesoddron fin

29.10.2020

Седумдесет и осум годишен велешанец почина синоќа на Инфективно одделение во велешката болница. Тој пред два дена бил примен на лекување во тешка состојба со позитивен тест на коронавирус.

-Пациентот е примен во болница со мозочно крварење и позитивен тест на ковид-10“. Неговата здравствена состојба беше тешка, рече д-р Весна Николовска Неделкова. портпаролка на Општа болница Велес.

Починатиот велешанец е 29 жртва на коронавирусот во велешко и во последните девет дена 15 случај кој заврши трагично.

На Инфективното одделение во моментов се лекуваат 41 пациенти. Од нив 36 се со потврден позитивен тест и шест се сомнителни на коронавирус. Од нив 11 пациенти се на кислородна поддршка. Од болницата се испишани четири оздравени пациенти, со по два негативни тестови./С.А

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.