Физички нападната и ограбена возрасна жена во Велес
Објавено на 29 октомври, 2020 во 15:32
29.10.2020
Жената живеела сама во домот во кој што била нападната и ограбена вчера пред 14.30 часот што се наоѓа во строгиот центар на градот. Нападот и грабежот над осумдесет годишната жена го извршило едно лице во фрекфентен временски период и на место со оглед на локацијата на куќата во која живее жената. Крадецот и напаѓач украл златен накит и мобилен телефон.
Ограбената жена сама го пријавила грабежот и физичкиот напад над неа во Полициска станица Велес на Секторот за внатрешни работи Велес.
-Полициски службеници извршија увид на местото на настанот, соопшти портпаролот Верољуб Додевски.
Полицијата трага по напаѓачот и крадецот./С.А
