Тестови за коронавирус во државно здравство нема, но денеска има нови 44 новозаразени лица во Велес и 47 на болничко лекување

Објавено на 1 ноември, 2020 во 17:52

Veleskovidponedelnik fin

1.11.2020

Во Велес денеска има 44 новорегистрирани болни од коронавирус според евиденцијата на Министерството за здравство. На лекување на Инфективно одделение во Општа болница Велес се наоѓаат вкупно 47 пациенти, од нив 44 се потврдено позитивни додека тројца се сомнителни. Од вкупниот број 17 се на кислородна поддршка.

Денеска во Кавадарци за новозаразени се евидентирани 26 граѓани, во Свети Николе и во Неготино по четири граѓани, како градови во вардарски плански регион.

Според податоците на Институтот за јавно здравје во Велес има оздравени четири, во Кавадарци двајца и во Свети Николе пет пациенти.

Масовно, велешани од петокот се тестираат во приватни лаборатории во Скопје затоа што матичните лекари во Велес од минатата недела им соопштиле дека немаат термини за тестирање од Ковид-19. Некои матични лекари информирале дека термини нема да имаат ниту во првата половина на месец ноември што внесува забуна кај најблиските во семејствата на веќе потврдените болни, што според нив, како тоа било можно кога на почетокот на месецот министерството пуштало термини. Некои сметаат дека тоа е резултат на запишани по ред на пријавување кај матичните на веќе заболените додека други сметаат дека матичните не пријавувале доволнен број на термини за тестирање кај епидемиолозите. Трети пак велат дека забуната ја создавале последните.

Исто така, состојбата со термините за тестирање дополнително се комплицира и со членовите на семејствата на заболените од Ковид-19 кои иако се во изолација сметаат дека мора да бидат тестирани поради контактите со заболениот иако немаат симптоми кои покажуваат присуство на вирусот. 

Засега голем е бројот на цели изолирани семејства во градот./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.