За време на изминатиот викенд казнети 96 велешани за не носење маска од вкупно 157 во Велес, Кавадарци и Неготино
2.11.2020
Најголем број од казнетите или вкупно 40 граѓани платниот налог за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита го заработиле во изминатите 24 часа додека тројца помалку биле казнети претходното деноноќие и во петокот кон саботата полициските службеници платен налог напишале на 19 лица.
Сектекторот за внатрешни работи Велес, во чиј состав се и Полициските станици во Кавадарци и во Неготино, викендов издал вкупно 157 казни.
Во деноноќието петок кон сабота состојба изнесува вкупно 32лица, и тоа, 19 во Велес,седум во Кавадарции шест во Неготино
Во саботата кон неделата издадени се рекордни 68 платни налози за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита со кои се казнети 37 граѓани во Велес, 18 во Кавадарци и 13 во Неготино.
Од вчера до утрово казни сe напишани за вкупно 57 лица, и тоа, 40 во Велес,13 во Кавадарци и четири во Неготино.
Дума.мк, за потребата од анализа, испрати официјално барање до Министерството за внатрешни работи за вкупниот број на казнети граѓани кои ја платиле казната, во Велес, во Кавадарци и Неготино на 20 октомври, годинава, но до денеска не доби одговор /С.А
