Тројца починати, двајца мажи и една жена, ја изгубија битката со Ковид 19 во велешка болница

Објавено на 3 ноември, 2020 во 15:03

bolnicavelesoddron fin

3.11.2020

Маж од Велес, на 82 годишна возраст, кој боледувал од покачен крвен притисок и се лекувал 15 дена на инфективното одделение и жена на иста возраст од Градско, донесена пред 3 дена во тешка општа состојба со ниска сатурација како хронично болна од висок притисок како и четири години повозрасен од нив маж од Стари Град, кој немал други пропратни заболувања тука само зараза од коронавирус починаа во изминатите 24 часа на одделението во Општа болница Велес.

Според информации на портпаролката на болницата, д-р Весна Николовска Неделкова денеска на Инфективно одделение во Велес се лекуваат вкупно 50 пациенти.

Од нив 43 се потврдени позитивни додека за сомнителни се водат 7 пациенти. Исто така 16 пациенти се на кислородна поддршка поради проблеми со респираторен систем или отежнато дишење./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.