Вкупно 68 ковид пациенти, денеска, на лекување во велешка болница каде има инфициран здравствен персонал

Објавено на 5 ноември, 2020 во 14:10

Veleskabolnica fin

5.11.2020

Педесет и двајца пациенти се лекуваат од коронавирус , денеска, на Инфективно одделение во Општа болница Велес. Од нив 47 се потврдено позитивни додека петмина се сомнителни. Петнаесет пациенти се на кислородна поддршка. Од ова одделение денеска е испишан еден пациент, со два последователни негативни тестови.

На Интерно одделение, каде од вчера на Б тракт се лекуваат по пациенти со полесни симптоми на Ковид-19, хоспитализирани се вкупно 16 пациенти од кои само двајца се позитивни додека останатите 12 се сомителни. Има и двајца негативни пациенти со тешка клиничка слика и наод на масивна пнеумонија. На овој болнички оддел тројца пациенти се на кислородна поддршка.

Како што дознава Дума.мк денеска ковид позитивни се и двајца лекари, специјалисти по интерни болести, тројца ренген техничари, по една медицинска сестра од Одделението за очни болести и од Одделот за анестезија.

Портпаролката на Општа болница, др Весна Николовска Неделкова најави дополнителна информација на барањето на Дума.мк за вкупниот број на заболени медицински персонал како и на вработени во техничката служба.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.