Адвокат во изолација го одложи продолжението на рочиштето „Пожарот на велешко езеро Младост“
6.11.2020
Изолацијата на адвокатската канцеларија и на бранителот на првообвинетиот Тасе Илиевски во судскиот процес „Пожар на велешко езеро Младост“ го одложи денеска продолжувањето на рочиштето. Во судницата беа и двајцата обвинети, второобвинетиот Марјан Ангелов, неговиот бранител Ивица Ефремов, обвинителката,вештото лице како и неколку од повеќето сведоци.
Судијката Габриела Гајдова прво констатираше дека не се исполнети условите за продолжување на судењето.
-Овој месец сум со застапување на клиенти во 72 судски предмети и скоро идентичн е бројот и во месец декември, рече пред судечката судијка, поротата и обвинителката адвокатот Ивица Ефремов
Тој побара рочиштето да продолжи вгодина по божиќните празници.
Судијката Гајдова нему и на обвинителката им предложи датум 11 јануари 2021 година со почеток во 10 часот што беше прифатен како термин за продолжување на главниот претрес.
Гајдова побара СВР Велес да го обезбеди присуството на еден од сведоците поради не примање на покани за присуство на судење и преку Управата за водење на матични книги да се обезбеди информација дали е жив еден од оштетените, кои во судскиот предмет ги има во поголем број освен државни претпријатија./У.Ј
