Eден починат маж и 50 пациенти на лекување од Ковид 19 во велешка болница
7.11.2010 година
Починатиот велешанец имал 79 години и се лекувал прво на Интерно одделение во Општа болница Велес, во Б – тракт, среда 4 ноември годинава , каде бил примен со повеќе симптоми што укажуваат на можна инфекција од коронавирус. Наредниот ден по земените брисеви од нос и од уста резултатите од тестот ги потврдиле сомнежите на лекарите специјалисти по интерни болести дека станува збор за заболен од Ковид-19.
Вчера утрината, болниот велешанец со тешка клиничка слика и постојно на кислородна поддршка бил префрлен на Инфективно одделение. За жал тој попладнево ја изгуби битката со коронавирусот и покрај долгогодишно лекување од покачен крвен притисок и шекер во крвта.
Според портпаролката на Општа болница Велес, др Весна Николовска Неделкова, од денеска, освен на Инфективно и на Интерно пациенти со симптоми на вирусот се примаат и на Физикално одделение.
-Вкупниот број на пациенти изнесува 50. Од нив 49 се потврдено позитивни додека тројца се сомнителни.Исто така вкупно 16 пациенти се на кислородна поддршка. На одделението за физикална медицина се сместени 7 пациенти а дежураат доктори специјализанти вработени во болницата. На Интерно одделение болнички пациенти се тројца сомнителни на вирусот и една пациентка која и покрај двата последователни негативни резултати од тестирање за време на болничкото лекување има потреба од дополнително болничко згрижување . За нив се грижат лекари специјалисти по интерни болести. Четири интернисти го покриваат со дежурства и Инфективното одделение од јули додека од ноември се вклучени уште тројца лекари спедијалисти по интерни болести, рече др Николовска Неделкова.
Во моментов се ангажирани и 7 специјализанти, тројца специјализанти по интерна медицина, по еден од неврологија, хирургија, ортопедија и рентгенологија.
Убавка Јаневска
